Во Србија вечерва се регистрирани уште четири нови случаи на инфекција со коронавирус, со што вкупниот број на заразени сега изнесува 35, покажуваат најновите податоци на српското Министерство за здравство.
Од 25 тестирани случаи, четворица биле позитивни, а 21 се негативни на новиот коронавирус.
– Три лица се лекуваат дома, а едно лице е во болница и се наоѓа во стабилна состојба – изјави српскиот министер за здравство, Златибор Лончар.