Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 12.830 лица за вирусот корона, од кои 2.014 биле позитивни, додека починале 15 лица.
Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 129 пациенти се приклучени на апарати за дишење.
Вчера повторно имаше речиси 2.000 заразени за еден ден, односно 1.960 од 10.458 тестирани лица, додека 13 починаа.
Денес е одржана седница на Кризниот шаб за борба против коронавирусот, на која е анализирана моменталната епидемиолошка состојба и врз основа на која потоа е одлучено сите постојни мерки да останат во сила, односно да нема отстапки.
Повеќе од 550.000 граѓани се вакцинирани во Србија, а утре пристигнуваат уште половина милион кинески вакцини против Ковид-19.