Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.932 новозаболени лица, а 15 починале.

Тестирани се 11.960 лица, а од почетокот на пандемијата 2.652.095.

Бројот на хоспитализирани пациенти е 4.002, а во моментот има 153 лица на апарати за дишење.

Вкупниот број на регистрирани случаи е 400.837. Од почетокот на павидемијата од Ковид-19 починале 4.071 лице во Србија.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек, предупреди дека поради бројот на новозаразени лица, кој не се намалува, сите сепак мора да се придржуваат кон мерките.