Според најновите податоци, коронавирусот е потврден кај уште 162 лица во Србија, а вкупниот број на инфицирани сега е 7.276.
Во изминатите 24 часа починаа уште пет лица, така што вкупниот број на починати од Ковид-19 во земјата сега е 139.
На респиратори се 96 лица.
Но, во Србија има и добри вести во врска со вирусот, а тоа е дека во изминатите 24 часа речиси 94 проценти од тестираните немаат коронавирус, а бројот на луѓе што закрепнале од заразата е зголемен. До денес во Србија има 1.063 излекувани.
Претседателот Александар Вучиќ рече дека полицискиот час во Србија е сè уште во сила, а карантинот нема да биде укинат најмалку уште една недела.