Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 7.919 случаи на коронавирус од 22.069 тестирани, починале 52 лица, а 270 пациенти се приклучени на апарати за дишење.
Поради тешката состојба со пандемијата на коронавирус во Србија, најавени се нови мерки. Претходно државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Џерлек, рече дека се очекува утре Владата да донесе нови мерки против коронавирусот и дека тие ќе стапат на сила в петок. Тој истакна дека ситуацијата од ден на ден се влошува и тоа е сигнал за реакција бидејќи е очигледно дека постојните мерки не ги дадоа посакуваните резултати.
„Фајзер“ и „Бионтек“ денеска ќе ја достават потребната документација за регистрација на вакцината во Србија до Агенцијата за лекови и медицински помагала.