Во Србија во последните 24 часа се потврдени 4.426 новозаболени лица од коронавирус, а починале 51 лице.
Во последните 24 часа биле тестирани 16.617 лица, а 2.188.004 од почетокот на епидемијата.
Хоспитализирани се 6.772 лица. Досега починале 2.833 лица, а стапката на смртност е 0,91 проценти.
Србија утре ќе почне со вакцинирање против кронавирусот, а први на листата се корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад.