На Словенија, која се бори со четвртиот бран на пандемијата на ковид-19, ќе ѝ помагаат 30 лекари и медицински сестри од Италија, објавија медиумите.
Договорот за доаѓање на медицинскиот тим од италијанската армија во словенечките болници за коронавирус е постигнат во средата на средбата меѓу словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин и неговиот италијански колега Лоренцо Гуерини.
Болниците речиси го достигнаа максималниот капацитет во последните денови по големиот пораст на бројот на заразени со коронавирус. Епидемиолозите ја оценуваат состојбата како влошена и сметаат дека се потребни построги мерки.