Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 14 нови случаи на коронавирус, а направени се 918 тестови. Едно лице почина, објави словенечката влада.
Бројот на новозаразени е помал во однос на претходниот ден, кога имало 19 нови случаи.
Во моментов, 19 пациенти се хоспитализирани, од кои четворица се на интензивна нега. Во последните 24 часа од болница биле испишани четворица оздравени пациенти, според Министерството за здравство.
Од почетокот на епидемијата во Словенија се потврдени 2.066 заболени и 116 смртни случаи.