Грчките власти објавија дека книжарниците и фризерските салони ќе бидат отворени од понеделник, а другите продавници, забавни центри, ресторани, барови и кафулиња ќе останат затворени за време на Божиќ како дел од второто затворање на земјата поради коронавирусот.
Владиниот портпарол Стелиос Пецас изјави дека и покрај петнеделните рестриктивни мерки, стапката на инфекција е сè уште висока поради што е оптоварен здравствениот систем.
Пецас исто така рече дека полицискиот час, кој моментно е во сила од 21 часот навечер до 5 часот наутро, ќе се скрати за еден час од недела вечер, кога ќе почне во 22 часот.
Полицискиот час ќе трае до 7 јануари.
Тој додаде дека властите немаат намера да го променат тоа за време на новогодишните или божикните празници, пренесува АП.
Црквите ќе може да бидат отворени за верниците единствено на самиот ден на Божик, на 25 декември, и на Богојавление, кое Грците го слават на 6 јануари.
Во Грција се регистрирани над 121.000 заразени и 3.370 смртни случаи.