Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска објави дека владата ќе треба да донесе некои непопуларни мерки, бидејќи се соочува со фактот дека не се почитуваат основните препораки, особено тоа што луѓето не мислат на останатите.

Како што рече, станува збор за тоа дека граѓаните купуваат работи во количини што не им се потребни, не оставајќи начин за останатите луѓе да дојдат до неопходните производи, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Доаде и дека пензионерите не ја почитувале молбата на властите, дека треба да останат во своите домови.

„Ова го правиме за да ги зачуваме старите. Не сакаме да ги апсиме и да ги ставаме во затвор. Утре ќе видиме каква ќе биде состојбата. Уште еднаш, ве молам никој над 65 години да не излегува надвор. Во спротивно, утре претпладне ќе им забраниме излегување на сите граѓани над 65 години, освен ако ситуацијата не се промени“, изјави таа.

Брнабиќ на денешниот прес најави дека ќе бидат затоврени сите шалтери за јавни услуги, на републичко и локално ниво.

Српската премиерка исто така изјави дека е потребна подобра организација на работата и дека се препорачува луѓето да работат во смени, доколку е потребно и во три во текот на денот, односно да работат во помали групи.

Тwеет