Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем.
– Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на местото на саемот во Белград, а забележлива е и тенденцијата на мало зголемување на интересот на граѓаните за имунизација против коронавирус – изјави денеска координаторката ма пунктот на саемот“, Светлана Мишиќ.
Рече дека помеѓу 600 и 800 лица се вакцинираат на Саемот за време на викендите, а половина од нив се државјани на БиХ и Северна Македонија.
Вакцините на Фајзер, АстраЗенека, Синофарм и Спутник се достапни за граѓаните на Саемот, а контролниот пункт е отворен секој ден од 8.30 до 15.30 часот.
Минатата недела беше објавено дека за време на викендот над 200 Македонци се вакцинирале со прва или втора доза во Врање, што е повеќе од српските државјани што дошле да примат вакцина во тој здравствен дом.