Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и условите за регионот.
На прашањето зошто е дозволен влезот на државјаните на Русија, а не и на Србија, бидејќи е слична епидемиолошката ситуација во двете земји, коментирајќи ја изјавата на украинскиот конзул за тоа што на државјаните на Украина не им е дозволен влез во Црна Гора, Бегиќ одговорил:
– Украина поради подобрената ситуација ќе се најде на ажурираната листа. Инситутот направи методологија која е слична на онаа од Европската комисија. Еден од клучните параметри е бројот на активни случаи на 100.000 жители, а другиот е движењето на бројот на заболени, односно долгорочни трендови. Предлог за вкулучвање на Русија на зелената листа дојде од Оперативниот штаб за туризам и Министерството за туризам. Кога се работи за регионот, многу сериозно размислуваме на понатамошните чекори во однос на ажурирањето на листата. Тука не смееме да заборавиме на потенцијалните бројки на луѓе кои би дошле во Црна Гора и за тоа мора да се води сметка. Размислуваме да ги отвориме границите и условите под кои границите можат да се отворат на начин кој ќе го минимизира епидемиолошкиот ризик по граѓаните на Црна Гора – рекол Бегиќ, пренесе „Вијести“.