Со цел да се заштити од коронавирус, Црна Гора воведе нови привремени мерки, кои вклучуваат, меѓу другото, и затворање на границите за странците. Исто така, воведена е и задолжителна самоизолација за странските патници.
На седницата на Националното координативно тело беше донесена одлука дека во Црна Гора ќе бидат затворени границите за странци, освен за оние што работат во Црна Гора, дека е потребна самоизолација, затворени се барови, кафулиња, игротеки, спортски сали и трговски центри.