Во Хрватска 99 лица се заразени со коронавирус, потврди Ова го потврди Крунослав Чапак, директор на хрватскиот Институт за јавно здравје.
Сега имаме 99 потврдени случаи, 12 нови од вчера, изјави Чапак за ХТВ.
Вкупно 97 потврдени случаи на ковид-19 се регистрирани во Србија изутринава во 8 часот, објави Министерството за здравство. Тоа се осум случаи повеќе од синоќа кога имаше 89 пациенти. Биле тестирани примероци за 46 лица, од кои осум се позитивни и 38 негативни на новиот вирус.