Хрватскиот тим за управување со ковид-кризата одлучи да воведе 14-дневен карантин и задолжително тестирање на Хрватите што се враќаат од Република Јужна Африка, Боцвана, Лесото, Намибија, Зимбабве и Конго, како и забрана за влез на странци од тие држави.
Според министерот за внатрешни работи, Давор Божовиќ, таа мерка е поради новата варијатна на коронавирусот и дека следат препораки од Европската комисија.
Тој додаде дека новиот детектиран сој има потенцијал да биде позаразен од делта-мутацијата.