Независната угостителска комора во соработка со стопанската комора на Србија за сите заинтересирани македонски угостители и угостителски работници, вклучувајќи ги и музичарите без разлика дали се членки или не се членки на некоја комора или здружение, обезбеди безусловна бесплатна вакцинација во Ниш, соседна Србија денеска и утре од 08:00 ДО 20:00 часот. Вакцинацијата ќе биде во Спортскиот центар „Чаир“.
– По дводневна комуникација со Стопанската комора на Србија и укажувањето и инсистирањето на потребата за вакцинација на македонските угостители и угостителски работници во пресрет на туристичката сезона, синоќа, петок 26ти Март во 21:38 часот од Стопанската комора на Србија – Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан пристигна допис – е-пошта со која е одобрено безусловно и бесплатно вакцинирање на сите заинтересирани македонски угостители и нивните угостителски работници која информација НУК веднаш ја сподели со сите свои членки и Претседатели на здруженија – соопшти НУК.