Србија нема да бара финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), бидејќи земјата има големи девизни резерви и 31 тон злато, изјави денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Тој во изјава за државната телевизја соопшти дека за време на синоќешната средбата со премиерката Ана Брнабиќ, министерот за финансии и гувернерката на Народната банка, разговарале дали, покрај подготвителните мерки, ќе се бара и финансиска помош од ММФ, но на состанокот било оценето дека ваква помош не е потребна.
Како што истакна Вучиќ, Србија брзо ќе се опорави од коронакризата и ќе се врати на старите економски патеки, пред се благодарение на стабилните и цврсти финансии.
– Брзо ќе се опоравиме, имаме стабилни, цврсти финансии. ММФ нуди итна помош за земјите кои имаат проблеми со резервите. Ние помош од ММФ нема да земеме, бидејќи имаме големи државни резерви и 31 тон злато – порача српскиот престседател.