На седницата на Кризниот штаб на Србија, одлучено е годинашниот зимски распуст за учениците да почне на 31 декември и да трае до 24 јануари, како што беше претходно планирано.
– Ја разгледавме и зачестеноста, распространетоста и потенцијалните епидемиолошки компликации кога станува збор за новиот вид на коронавирус. Донесена е одлука за примена на одредени мерки кога станува збор за патници во меѓународниот сообраќај – изјави Дарија Кисиќ -Тепвачевиќ по седницата на Кризниот штаб.
Таа кажа дека мерките се однесуваат за патниците кои доаѓаат од Јужна Африка, Малави, Мозамбик, Боцвана, Лесото, Намибија и Зимбабве.
– Сите патници кои доаѓаат од овие земји, иако нема директни летови, но и кога ќе дојдат во транзит, ќе подлежат на мерки на аеродромот – ПЦР тест, доколку се негативни треба да бидат ставени во карантин 14 дена на местото на живеалиште во Србија, а по седум дена им се прави уште еден ПЦР и доколку се позитивни ќе бидат префрлени во соодветната ковид амбуланта или болница – изјави Кисиќ -Тепавчевиќ.