Епидемијата на коронавирус заврши, соопшти словенечката влада.
Сепак, дел од мерките ќе останат на сила. Како што е најавено, мерките ќе бидат во сила до четврток, а потоа ќе бидат преиспитани.
Според словенечките медиуми, носењето маска ќе остане задолжително на затворено, исто како и употребата на средства за дезинфекција и одржувањето на пропишаното растојание.
– Денеска е последен ден од епидемијата во Словенија. Епидемиолошката состојба во Словенија е поволна. За тоа се залужни сите што се придржуваа до мерките, одлучија да се вакцинираат и пред сѐ се однесуваа одговорно – изјави портпаролката на словенечката влада, Маја Братус.