Во Грција се потврдени 453 нови случаи на коронавирус, што е најголем број во еден ден од почетокот на епидемијата.
Најголем број нови случаи се поврзани со жариштето во мигрантскиот камп на островот Лезбос- 184, додека 174 нови случаи се потврдени во Атина и околината.
Вкупниот број на заболени во Грција е 15.595, а досега од коронавирус починале 344 пациенти.