Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, е позитивен на коронавирус.
Тој ги почувствувал првите симптоми на неодамнешниот мировен марш по повод одбележувањето на 25-годишнината од масакрот во Сребреница.
Медиумите во БиХ пренесуваат дека тој денеска има покачена температура, треска, болки во мускулите и мачнина во стомакот.