Во Грција утрово е пријавена првата смрт од коронавирус.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, станува збор за шеесет и шестгодишен маж, кој се вратил од аџилак во Израел и Египет кон крајот на февруари.
Во изјавата на грчкото Министерство за здравство се вели дека починатиот имал и други здравствени проблеми.
Во Грција се потврдени 99 заразени со вирусот.