Државниот секретар во српското Министерство за заштита на животната средина, Бранислав Блажиќ, е заболен од коронавирус.
Министерот Горан Триван ја потврдил информацијата и рекол дека Блажиќ е сместен на Инфективната клиника во Белград.
– Се лекува на Инфективната клиника и се наоѓа во стабилна состојба – рекол Триван.
Српските медиуми објавија дека Блажиќ е од Кикинда, град кој е еден од жариштата на епидемијата на коронавирус во Србија.
Вработените од Министерството кои имале контакт со заболениот се во изолација, а министерот немал контакт со Блажиќ и со сите останати со кои секретарот контактирал лично.
Во Србија 303 лица се заразени со коронавирус.