Во Хрватска е потврдена првата жртва од заразата со коронавирус и евидентирани се 442 случаи на инфекција, објави Националното тело за цивилна заштита.
Патолошкиот наод на угостител од Истра потврди дека починал од инфекција со коронавирус минатата недела. Во Хрватска, има 442 потврени случаи на инфекција, што е за 24 повеќе од изутринава, објави директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак и истакна дека се излечени 22 пациенти.
Ова е зголемување за 60 случаи во изминатите 24 часа.