Веселин Марешки и Кристина Таскова од партијата Волја се појавија во бугарскиот парламент во заштитна облека, по што пратениците од Бугарската социјалистичка партија побараа нивно отстранување, сметајќи дека тие дополнително ја влошуваат ситуацијата.
Марешки порача дека сите бугарски пратеници треба да преземат мерки против корнавирусот „за парламентот да не биде претворен во центар на заразата“.
Претседателката на Парламентот Цвета Карајанчева истакна дека во парламентот се преземаат сите санитарни мерки, пратениците се со маски, а говорницата постојано се чисти.