Во Црна Гора денеска почнува масовна вакцинација против ковид-19, а ќе се организира на повеќе од 140 пунктови во сите општини.
Владата соопшти дека досега над 40.000 граѓани ја примиле првата доза на вакцината.
– Ревакцинирани се скоро 24.000 лица, а со доаѓањето на новиот контингент од 200.000 кинески вакцини „Синофарм“ се исполнети условите за масовна имунизација – се вели во соопштението.
Владата ги потсети граѓаните дека почитувањето на мерките се неопходни во периодот помеѓу примањето на првата и втората доза на вакцината, како и петнаесет дена по ревакцинацијата.