Најмалку десет луѓе загинаа во пожар што изби во болница, во северниот дел на на Романија, каде се лекуваат и пациенти заболени од ковид-19, соопштија романските власти.
Седум пациенти се повредени, меѓу кои има и со повреди опасни по живот.
Од Агенцијата за вонредни ситуации наведоа дека пожарот зафатил две соби во болницата во која се лекуваат пациенти со ковид-19, пренесува Ројтерс.
Од романската служба додаваат дека се верува оти меѓу загинатите има пациенти со ковид-19. Инаку, сите загинати освен еден се пациенти во болницата во градот Пиатра Неамт, на 350 километри од Букурешт.