На состанок на српскиот владин Кризен штаб за заштита на здравјето на населението од ковид-19 беше анализирана тековната епидемиолошка состојба и прилагоденоста на мерките на тековната состојба, соопштија од српската влада.
Од петок (22 мај), за влез во Србија нема да има потреба од негативен тест или посебна дозвола како за домашните, така и за странските државјани“, препорачано и е денеска на Владата од страна на Кризниот штаб.
На сите лица што влегуваат на територијата на Република Србија ќе им бидат издадени здравствени предупредувања во кои ќе се наведува дека влегуваат на територија каде што се уште циркулира вирусот, како и начините за спречување на инфекција.
Оваа препорака треба да биде потврдена во четврток, на седницата на Владата на Република Србија, се наведува во соопштението.
Кризниот штаб даде препорака и за отворање на административните премини меѓу Србија и Косово.
ПЦР тестовите за коронавирусот, на лично барање на граѓаните на Србија и на странските државјани, ќе чинат шест илјади динари ( 51 евра) на територијата на цела Србија.
Тестирањето за студенти и малолетните лица е сè уште бесплатно, се навдува во соопштението за медиумите на српската влада.