Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ќе ѝ предложи на владата од утре полицискиот час да биде продолжен на 12 часа, односно од 17 до 5 часот наутро.
– Ако не е доволно, ќе го зголемиме уште повеќе. Ве молам, не излегувајте надвор – рече Вучиќ на прес-конференција, а пренесе агенцијата „Танјуг“.
Српскиот претседател подлече дека ова е многу тешка мерка, но дека граѓаните не покажале доволно дисциплина. Последните неколку дена во земјата се спроведуваше полициски час од 20 до 5 часот наутро.
Вчера во Србија беше регистрирана првата жртва од коронавирус, пациент на возраст од 59 години од Кикинда.
На прес-конференцијата на која беше соопштено за смртниот случај, премиерката Ана Брнабиќ најави дека од вечерва во 20 часот ќе престане со работа целиот јавен превоз, а в недела се затвораат кафулињата и трговските центри.