Коронавирусот влегол во две болници во Загреб, а заразени се пет лица од медицинскиот пресонал и 16 пациенти, пренесува хрватски „Индекс“.
Четворица вработени и 16 пациенти биле заразени во психијатриската болница Свети Иван, а докторка која работела на Одделот за онкологија и нуклеарна медицина бил заразена во Клиничката болница Сестри на милосрдието.
Одделот бил затворен, а просториите веднаш дезинфицирани.
Во првата болница сите 34 лица кои работат во одделот за општа медицина се во изолација, како и четворицата позитивни вработени, што е вкупно 39 вработени од болницата Свети Иван кои сега се во самоизолација.
Во Клиничката болница Сестри на милосрдието, позната и како Виноградска болница, специјализантка од западна Славонија, која била на едукација во болницата, е позитивна за коронавирус, а во понеделникот била на работното место.
Во самоизолација е и еден пациент кој го прегладала и 19 доктори и медицински сестри. Од Институтот за јавно здравје за „Хина“ изјавиле дека епидемиолозите сега ќе имаат многу работа за да ги „уловат“ сите можни контакти.
– За жал, немам добри вести за Загреб, имаме 24 позитивни и се прават уште 50 тестови. Од тие 24, денес имаме вкупно 16 позитивни пациенти во болницата Свети Иван четворица работници и една колешка во КБЦ Сестри на милосрдието. Вестите не се добри, но што е, тука е, нашите епидемиолози вредно ги следат сите контакти – изјави за медиумите директорот на Институтот за јавно здравје, Звонимир Шостар.