По подолго време, во Сараево е потврден еден нов случај на коронавирус, додека 11 други случаи се потврдени во остатокот од БиХ, соопшти директорката на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, Себија Изетбеговиќ.
Како што прецизира таа, од 12 нови случаи откриени на територијата на Федерацијата на БиХ, еден е од Сараево и 11 од Тешањ, што го направи овој град ново жариште во БиХ, пренесе порталот „Кликс“.
Последниот случај на инфекција во Сараево беше регистриран на 16 мај.