Хрватското претседателство со Советот на ЕУ донесе одлука да ги одложи сите неформални состаноци и конференции до 15 мај, но и самитот ЕУ-Западен Балкан, закажан да се одржи во Загреб на 7 мај, со цел да се ограничи ширењето на пандемијата од ковид-19.
Како што се наведува на веб-страницата на Претседателството, во договор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ќе се обидат да се најде нов термин во јуни, доколку дозволува ситуацијата.
– Алтернативно, во неможност да се одржи физички состанок, ќе се предложи состанокот да се одржи преку видео (до крајот на хрватското претседателство) – се вели во соопштението.