Двајцата браќа близнаци, кои први биле заразени во Хрватска од коронавирус, оздравеле.
Првозаболениот со брза помош денеска ја напушта болницата, јавија хрватските медиуми.
Неговиот брат беше отпуштен од болница пред неколку дена. И двајцата ќе треба да поминат одредено време дома во изолација.
Првиот случај во Хрватска беше регистриран на крајот на февруари. Станува збор за 26-годишно момче кое се заразило во Милано, каде поминал два дена со својата девојка.
Наскоро беше објавено дека неговиот близнак е исто така заразен, а потоа тестовите покажаа дека и девојката, исто така, има коронавирус.
Во Хрватска се регистрирани 37 случаи на коронавирус. Двајцата браќа се единствени кои досега се прогласени за здрави. Последните пет случаи беа потврдени утрово.
Според шефот на Центарот за јавно здравје, Крунослав Чапак, сите пациенти биле во контакт со претходните пациенти и вирусот не циркулира слободно кај населението.