Припадници на полициската управа на Бања Лука, во присуство на единица на жандармеријата на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, во текот на викендот извршиле рациии во две кафулиња во Бања Лука.
При контролата на еден угостителски објект, пронајдени биле околу 500 гости, поради што бил контактиран дежурен окружен јавен обвинител, кој изјавил дека станува збор за кривично дело „непочитување на здравствените прописи за време на епидемија“.
Обвинителот наложил по прибирање на сите факти, Окружното јавно обвинителство Бања Лука да поднесе кривична пријава против сопственикот на угостителскиот објект, соопшти Полициската управа.
Според одлуката на Републичкиот штаб за вонредни состојби, поради епидемијата на угостителските објекти дозволено им е да работат до 23 часот, а на едно место максимално може да има 50 лица.