Секој што сака да влезе во Грција од 19 декември ќе мора да има негативен ПЦР-тест, не постар од 48 часа, соопшти денеска тамошното Министерството за здравство.
Ова, како што се наведува, важи и за вакцинираните лица и е дел од напорите да се сузбие ширењето на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.
Омикрон варијантата на коронавирус е откриена во 77 земји откако за првпат беше идентификувана пред три недели, што предизвика загриженост во многу земји дека бројните мутации на овој сој ќе придонесат да се шири побрзо и да ја избегне заштитата што ја обезбедуваат вакцините против ковид-19.