Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата ковид-19. Глобалните проблеми не можат да имаат национални решенија и, на многу начини, оваа пандемија на Коронавирус е тест за нашата европска солидарност. Институциите на ЕУ направија добро и претставија еден унитарен фронт во предлагањето на европски решенија – решенија засновани на солидарност и кои се стремат да не ги остават зад себе најранливите земји“, се вели во одговорот на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, на писмото што беше пратено на 25 март 2020 година од претседателите на Парламентите на земјите од Западен Балкан.
Според него, Западен Балкан е дел од европското семејство и неговата европска определба е несомнена.
– Затоа, целосно се согласувам кога ќе кажете дека сите мерки преземени на европско ниво треба да ги вклучат вашите земји и во најмала рака да не предизвикаат негативни последици врз вашите напори да се справите со пандемијата. Бидете уверени дека ЕУ веќе бара начини да го вклучи вашиот регион во своите механизми за одговор. Како претседател на Европскиот парламент, ве уверувам во мојата целосна поддршка за изнаоѓање на најдобри решенија за да бидете заштитени од негативните последици од оваа криза. Добрите пријатели ја покажуваат својата љубов во време на неволја, не само во време на среќа. Ова е време за солидарност и вашиот регион треба да биде вклучен. Ако останеме обединети, можеме да излеземе посилни од кризата – порачува Сасоли.