До 20 мај ќе почне производството на вакцината „Спутник 5“ во Србија, на Торлак, пренесуваат српските медиуми.
Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно изјави дека Србија ќе инвестира колку што ќе биде потребно во започнувањето на домашно производство на руската вакцина „Спутник 5“.
Тој тогаш за британската агенција „Ројтерс“ рече дека со рускиот претседател Владимир Путин направиле иницијален договор за почеток на процедурата за производство, кое го опиша како комплицирана и тешка.