Екипажот на полициски хеликоптер кој вчера ги контролираше демонстрациите против владата над центарот на Љубљана беше загрозен од ласер насочен кон него од еден од демонстрантите, објави денеска полицијата.
„Непознати сторители насочија ласер кон хеликоптерот, што претставува опасност да го оштети видот на членовите на екипажот“, се вели во соопштението на полицијата.
„Во конкретниот случај, еден од пилотите се здоби со оштетување на окото и побара медицинска помош. Степенот на неговите повреди сèуште не е познат”, соопшти полицијата.
На улиците во Љубљана илјадници луѓе вчера повторно демонстрираа главно поради задолжителните сертификати за вакцинација.