Забраната за влез во Грција на нашите граѓани и на граѓаните од трети земји им е продолжена до 21 јануари. Мерката е објавена во „Службен весник на Грција“ и стапи во сила денес, пренесува МИА.
Оваа одлука не се однесува на граѓаните на Европската Унија и шенген-зоната, како и на граѓаните на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и на Сингапур.
Привремената забрана за влез во Грција се однесува на сите државјани на трети земји на кое било место на влез, со какво било превозно средство, вклучително и воздушни, поморски, железнички и патни врски од превентивни причини во борбата против ширењето на ковид-19 на грчка територија.
Отворени се седум гранични премини за камиони за превоз на стока, четири со Бугарија и по еден со нашата земја, Турција и Албанија, а за возачите не важи задолжителна потврда за негативен ПЦР-тест.