Грчкиот министер за миграција, Нотис Митаракис, изјави дека иако мигрантите почнале да се собираат на турскиот брег кој гледа на Егејското Море, нема индиции дека се заразени со вирусот ковид-19, како што пренесуваат некои медиуми.
– Од почетокот знаевме дека Турција ќе врши притисок. По првичната силна реакција на Грција кон Еврос и островите, може да забележиме значителен пад на пристигнувањата од почетокот на март, но знаеме дека приливот повторно ќе се зголеми во одреден момент – изјави Митаракис за телевизијата Мега, објави „Катимерини“.
Тој додаде дека грчките власти ќе сторат сé што можат за да го спречат преминувањето на мигрантите во Грција со помош на шверцери и дека на секој мигрант кој влегува во земјата ќе му биде одреден двонеделен карантин.
Грчките медиуми објавија дека Турција им помага на мигрантите заболени од вирусот ковид-19 да преминат во Грција.