Грчките граници остануваат затворени за влез на државјани на трети земји, меѓу кои и Македонија.
За нив, владта во Грција ја продолжи забраната до 26 април, јавуваат грчките медиуми.
Засега во земјата ќе можат да патуваат државјани на членките на ЕУ, но и граѓани на Србија, Израел, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и САД.
За нив нема да важи задолжителниот карантин при пристигнувањето.
Србите веќе ќе можат да влезат во Грција преку Бугарија со негативен ПЦР-тест или сертификат за вакцинација.
Грчката Влада најави дека на 14 мај ќе го отвори туризмот за сите, а за патување ќе биде потребен сертификат за вакцинација или негативен тест или потврда за прележан ковид-19.