Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека во Србија пристигнал новиот лек против коронавирус. Станува збор за лекот „молнупиравир“ на компанијата „МСД“.
– Во Србија пристигна новиот лек против короната! Го купија во САД, а во Европа заедно со нас го купија само Данска, Литванија и Словенија – рече Вучиќ во видео пораката објавена на профилот на Инстаграм.
„Животот и здравјето на луѓето немаат цена!“, додаде претседателот на Србија.