Во последните 24 часа, во Хрватска се евидентирани 241 новозаразени со коронавирус, а две лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на активни случаи во моментов е 1.447, 289 пациенти се во болница, од кои 23 се на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата, коронавирусот е потврден кај 16.621 лице, а починале 277 лица.