Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 212 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи е 2.128, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Во последните 24 часа нема смртни случаи. Во самоизолација се 9.714 лица.
Меѓу активните случаи, 288 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 14.725 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 244 починале, а вкупно 12.353 се опоравиле, од кои 184 во последните 24 часа.
До денес се тестирани вкупно 254.480 лица, од кои 5.457 во последните 24 часа.