Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаи на зараза со коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 15.106, додека починале 20 лица.
985 пациенти биле хоспитализирани, а 74 лица биле на апарати за дишење.
Во моментов има 29.098 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 485.281 лице, од кои 9.287 во последните 24 часа.
Градот Загреб е најголемото жариште и во него се евидентирани 850 нови случаи на инфекција.
Коронавирусот „влезе“ во загрепската психијатриска болница „Свети Иван“, а има позитивни и меѓу вработените и меѓу пациентите, потврди директорот на болницата, Игор Филипчиќ.