Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска на прес-конференција на Главниот штаб зборуваше за дигиталните зелени сертификати, т.н. ковид-пасоши.
– Тоа не се пасоши, туку дигитални зелени сертификати кои се однесуваат на олеснување на патувањето – рече Божиновиќ.
Тие ќе бидат интероперабилни и ќе овозможат гранична проверка и признавање на сертификати за вакцинација, прележаност и тестирање.
– Од 1 јуни ќе можеме да ги издаваме овие сертификати, што е важно за нашата туристичка сезона, но и целокупната борба против епидемијата – рече Божиновиќ.