Во Хрватска досега се вакцинирани околу 5.800 лица против новиот коронавирус. Вакцинацијата започна во неделата, а прва вакцината ја прими 81-годишната Бранка Анишиќ од загрепскиот дом за стари лица.
Заклучно со синоќа, вакцинирани се околу 5.800 лица, од кои 4.500 се во домови за стари лица, а 1.300 се здравствени работници.
Вчера во Хрватска беа регистрирани 316 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи е 8.036. Меѓу нив, 2.720 пациенти се во болница. Вчера починаа 68 лица.
До вчера се тестирани вкупно 996.935 лица.