Според најновите податоци, во Србија се регистрирани 81 нови случаи на коронавирус, така што вкупниот број на заразени лица е 384, изјави епидемиологот Предраг Кон.
Кон рече дека 245 лица биле тестирани од 15 часот, а вкупно 203 биле хоспитализирани.
– Осумнаесет во Клиничкиот центар Ниш, 16 на Клиничкиот центар Крагуевац, 12 на Клиниката за инфективни и тропски заболувања, во Клиничката болница „Драгиша Мисовиќ“- 131 и на Клиниката за пулмологија при Клиничката болница на Србија – 10, а двајца пациенти се во Општата болница во Ваљево – вели тој.
Според него, 24 пациенти се на респиратор.