Во Србија во изминатите 24 часа 71 лице се позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број заразени се искачи на 528 лица.
Во земјата вкупно 45 лица се водат како тешки случаи и се ставени на респиратор, а 42 лица се отпуштени од болниците, кога вторпат се тестирале на коронавирусот и нивниот тест бил негативен.
Денеска почина уште едно лице, со што бројот на починати во земјата се искачи на 8 лица.
Во Србија коронавирусот е регистриран во 35 града, а најмногу заболени има во Белград.