Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 19.826 лица на коронавирус, од нив 6.534 биле позитивни, а починале 55 лица.
Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, во болниците во Србија има 319 пациенти на апарати за дишење, најмногу од почетокот на епидемијата.
Кризниот штаб за борба против коронавирусот се состана рано утрово, но по еден и пол час разгледување на епидемиолошката состојба, не беа преземени никакви мерки. Тоа, најверојатно, е одложено за понеделник бидејќи постојните мерки истекуваат во вторник, 15 декември.